16 епизода „ФЕР ИЗБОРИ“
СЦЕНА
СУЗАНА: Помогни ми Емилија!
(Емилија и ја отпушта раката). Значи ќе ме оставиш. (Емилија заминува, Сузана
пробува да стане. Се слуша прскање на против пожарен апарат, влегува Емилија,
ја крева Сузана и излегуваат надвор. Надвор е дојдена пожарната кола, новинари,
брза помош, а исто така собрани се неколку луѓе околу куќата)
СУЗАНА: Ах мојот зглоб.
ЕМИЛИЈА: Те молам престани..
подобро ли ќе беше да те оставев внаре.
СУЗАНА: Ах те молам... немој да се правиш херој..
знаеше дека ќе дојдат новинари и сакаш да ја искористиш приликата.
ЕМИЛИЈА: Знаете што г-ѓо Сузана,
ова би го направил секој добар и паметен човек! Човек со чувства!
ГРУПА ЛУЃЕ РАЗГОВАРААТ
ЧОВЕК 1: Навистина ли Емилија ја
спасила градоначалничката.
ДАНИЕЛ: Да, тоа е навистина
неверојатно.
ВИКТОРИЈА: Таа е херој!
ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ЛЕЖИ НА
БОЛНИЧКА КОЛИЧКА И И ДАВААТ КИСЛОРОТ СО ПОМОШ НА АПАРАТ, ДОАЃА СТЕФАН ДО СУЗАНА
И ЈА СЛИКА.
СУЗАНА: Што правиш ти тука?
СТЕФАН: Ова е главна вест.. треба
да бидам тука.
СУЗАНА: Ти си против кандидат...
нели гледаш дека оваа ситуација ќе ја зголеми довербата на луѓето кон Емилија!
СТЕФАН: Но...
СУЗАНА: Да те нема од овде!
ПРЕД КУЌАТА НА СУЗАНА
ГРУПА НА ЛУЃЕ РАЗГОВАРА
НИКОЛА: Слушнавте, Емилија ја спасила Сузана.
(Доаѓа Емилија)
ТРАЈАНКА: Честитки г-це
Емилија... ова е навистина добро.
ЕМИЛИЈА: Ве молам.. секој би го
направил ова.
ДАНИЕЛ: Но треба да имаш храброст
да го сториш ова.. Утре весниците ќе бидат полни за овој настан.
ТРАЈАНКА: Еј имам идеја.. Ајде да
побараме слики од настанов и да направиме постери за кампањата на г-ца Емилија.
ЧОВЕК1: Прекрасна идеја. Ајде да
одиме. (Заминуваат сите освен Никола и
Емилија)
ЕМИЛИЈА: Гледаш дека доброто го
победува злото.
НИКОЛА: Сега навистина го разбрав
тоа.
ЕМИЛИЈА: Кога си добар сите ќе се
понудат да ти помогнат и затоа најдобро е да се работи чесно. (Емилија се загледува
кон гараЖата и забележува барут како е расфрлан настрана и дознава дека е
местена бомбата)
КАЈ МАРТИН
Мартин чита некои документи, доаѓа Емилија
МАРТИН: Многу посетители денеска.
(Емилија Ја удира силно вратата) Се надевам не сте со намера да ја бутнете мојата
врата.
ЕМИЛИЈА: Тоа беше ти.
МАРТИН: Што сум би?
ЕМИЛИЈА: Ти подметна бомба во
автомобилот на г-ѓа Сузана.
МАРТИН: Можеби сум бил јас.. а
можеби и не.
ЕМИЛИЈА: Зошто го направи тоа.
МАРТИН: Знаеш дека една ваква
вест ќе ти помогне во кампањата.. со оваа вест ја зголеми довербата кај
народот.
ЕМИЛИЈА: Но можеше да умре.
МАРТИН: Но не се случи тоа..
морав да ризикувам..
ЕМИЛИЈА: Навистина е глупаво тоа што го направи..
заминувам... и повеќе немам никаков контакт со тебе!
МАРТИН: Г-це Емилија.. се надевам
дека нема да ме предадете.. зошто така ќе ја си уништиде стекнатата доверба и
нема да можете сами во оваа кампања... размислете добро г-це Емилија..
СЦЕНА
Софија низ градот лепи плакати од
емилија на кој пишува „Емилија за инспектор“, доаѓа до пред зградата каде ќе се
одржи собирот, таму се сретнува со Марко.
СОФИЈА: Еј, здраво.
МАРКО: Еј.. не се надевав дека ќе
те видам тука.
СОФИЈА: Ах.. морам да и помогнам
на пријателката. Ти како си.
МАРКО: Добро сум.. добив работа
во ветеринарното здружение.
СОФИЈА: Тоа е навистина убаво..
МАРКО: Да.. навистина ми требаше
таа работа.
СОФИЈА: Гледам и ти лепиш плакати
за Стефан.
МАРКО: Да, па мојата сопруга е
пријтелка на Сузана и затоа..
СОФИЈА: ах да.. како е Габриела?
МАРКО: Добро е.. наскоро треба да
дојде тука.
СОФИЈА: Извини јас треба да
одам.. ми снемаа плакати. (заминува изнервирана)
ВО ЗГРАДАТА КАДЕ ШТО ЌЕ БИДЕ ДУЕЛОТ
Позади сцената, Стефан се спрема пред огледало.. Даниел го вежба текстот за
отварањето, а Емилија ѕирка од зад пердето.
ДАНИЕЛ: Почитувани граѓани на
Дворови... денес сме тука за да го избереме нашиот иден инспектор.. не, не...
Добар ден граѓани на Дворови. (доаѓа Софија)
СОФИЈА: Повели. (на Емилија)
ЕМИЛИЈА: Ти благодарам..
СОФИЈА: Што е зошто си тажна?
ЕМИЛИЈА: Мислам дека нема да ги
добијам овие избори за инспектор.
СОФИЈА: Не зборувај глупости..
сите жители на Дворови зборуваат за тебе.
ЕМИЛИЈА: Но тоа нема да биде
доволно... како што ми кажа Никола... Никогаш неможеш да ја победиш Сузана сама.
СОФИЈА: Но ти не си сама, сите
сме тука покрај тебе.. ја имаш нашата поддршка.
ЕМИЛИЈА: Единствено нешто што
сакам е да му докажам на Никола дека доброто може да победи.
СОФИЈА: Сега разбирам..
ЕМИЛИЈА: Тој е толку мал а досега
му се имаат случено неверојатни работи.. навистина не разбирам зошто баш него
треба да му се случува сето тоа.
СОФИЈА: Ќе биде се во ред, немој
да се плашиш.. вистината ќе излезе на виделина.
(Во тој момен во просторијата
влегува и г-дин Мартин)
СЦЕНА
ЗА ВРЕМЕ НА ДУЕЛОТ
ДАНИЕЛ: Почитувани, единствено
нешто што барам од вас е да изберете тоа
то вие мислите дека е најдобро за градот.. најдобро е да изберете со разум..
еден од кандидатите Емилија Панова или Стефан Милошевски ќе биде нашиот
инспектор.. слушнете ги внимателно што имаат да кажат па потоа одберете. Г-не
Стефан говорницата е ваша.
СТЕФАН: Почитувани сограѓани, ако
јас бидам инспектор на овој град, тогаш треба да знаете дека работите кој ќе ги
правам за градот ќе бидат искрени (сузана повторува тивко заедно со него)
чесни, и секогаш ќе ја задоволуваме правдата. Ви благодарам. (Емилија се
доближува до говорницата)
ЕМИЛИЈА: Сите вие знаете за
статијата што излезе пред некоја ден за моето минато.. со тоа се открија работи
кој никој од вас не ги знаеше.. но јас се променив... сакам и понатаму да
правам добри дела и да им помагам на луѓето.. но пред да зборувам за кариерата
сакам нешто да кажам... Пожарот што се случи вчера во гаражата на
градоначалничката беше подметнат! (Сите се изненадени) Точно така пожарот беше
подметнат од страна на г-дин Мартин. Тој беше мој помошник во оваа кампања, но
верувајте јас немав појма дека тој е способен да направи такво нешто.. и успеа
во тоа.. сите вие поверувавте дека пожарот беше несреќа. Јас немам сигурни
докази дека ова е негово дело но неможам да продолжам понатаму и да бидам ваш
инспектор на лош начин.. сакам тоа да го направам на фер игра. (погледнува кон
Никола) Навистина ми е жал. (Сузана се нервира а воедно е и радосна)
СЦЕНА
ВО РЕСТОРАНОТ НА ТРАЈАНКА
Емилија седи и пие, доаѓа Никола
ВИКТОРИЈА: Да ви донесам уште за
пиење.
ЕМИЛИЈА: Секако.
НИКОЛА: Знаев дека ќе бидеш тука.
ЕМИЛИЈА: Никола, што правиш
тука.. треба да си дома. (Викторија им носи за пиење на двајцата.)
НИКОЛА: Повели.
ЕМИЛИЈА: Што е ова?
НИКОЛА: (шепнува) Не требаше да ја прекинеме
операцијата кобра. (Емилија се нсмевнува) Навистина ми се допадна што го
направи тоа.. му се спротистави на г-дин Мартин.
(во ресторанот влегуваат Сузана и
Стефан)
СУЗАНА: Тука сте г-це Емилија,
заедно со пијачката.. и мојот син.
ЕМИЛИЈА: Што саката г-ѓо Сузана..
нели треба да бидете на забавата.
СТЕФАН: Секако таму треба да
бидеш и ти.
ЕМИЛИЈА: Молам.
СУЗАНА: Ви честитам г-це
Емилија... т.е Инспекторке Емилија Панова.
ЕМИЛИЈА: Молам.
СУЗАНА: На луѓеот им се допадна
вашата искреност.. сепак разликата во гласовите беше мала. (во ресторанот
влегуваат многу луѓе)
НИКОЛА: Ова е неверојатно!
СУЗАНА: Луѓето беа изненадени од
храброта да му се спротиставите на г-дин Мартин и затоа ве избраа вас..
новнимавајте г-це Емилија... со ова што му се спротиставивте на г-дин Мартин
вие само си создадовте непријател.
ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА ЕМИЛИЈА
Емилија ја здогледува јакната на поранешниот инспектор
МАРТИН: Јакната на инспекторот Маејан,
мислев дека ќе а сакате.
ЕМИЛИЈА: Наоружана сум г-не
Мартин.
МАРТИН: Се разбира вие сте
инспектор.. дојдов да ви кажам дека навистина ми се допадна вашата мелодрама за
време на дуелот.
ЕМИЛИЈА: Молам.
МАРТИН: Никогаш немаше да испадне
подобро.. ја добивте довербата на луѓето ви честитам.
ЕМИЛИЈА: Што сакате да кажете.
МАРТИН: Луѓето се плашат од
Сузана.. но вие немате страв ни од мене ни од Сузана.. и затоа ви дозволив да
го направите ова.
ЕМИЛИЈА: Само малку.. вие знаевте
дека јас нема да се согласам на неправдата која ја направивте вие и... и
знаевте дека ќе го кажа сето тоа на дуелот.
МАРТИН: Секако.. се испадна
според планот.. и дозволивте на г-ца Сузана да мисли дека е победник но
всушност од пред нос и ја земавте управата.
ЕМИЛИЈА: Господе.. што се нема да
слушнам... но зошто го направивте тоа.
МАРТИН: Г-це Емилија да ве
потсетам.. пред извесно време ви направив една услуга а вие за тоаа услуга ми
должите нешто.. затоа си помислив дека ако станете инспектор можеби ќе најдете
некој начин за да ми ја вратите таа услуга...
ЕМИЛИЈА: Но..
МАРТИН: Секако човекот заборава
кога должи нешто и кога треба да направи нешто. Но јас не заборавам г-це
Емилија. (заминува) Уште еднаш ви честитам г-це Емилија.
УТРЕ СЛЕДУВА НОВО ПРОДОЛЖЕНИЕ



0 comments:
Post a Comment