Friday, August 23, 2013

22 епизода „ЛАЖНО ОТКРИТИЕ“


22 епизода „ЛАЖНО ОТКРИТИЕ“


СЦЕНА
Низ шумата, кон излезот на градот
Емилија го вози автомобилот, полека ја зголемува брзината, но одеднаш кога сакаше да запре и откажаа кочниците.
ЕМИЛИЈА: Господе боже!
СТЕФАН: Емилија запри!
ЕМИЛИЈА: Не можам, кочниците откажаа! (се полна брзина удрија во едно дрво)
СТЕФАН: Добро си?
ЕМИЛИЈА: Да, да.. добро сум.. ти..
СТЕФАН: И јас исто.. (излегуваат надвор, а Стефан се наведнува под автомобилот и гледа дека насила се скинате кочниците) Ема...
ЕМИЛИЈА: Да... што е?
СТЕФАН: Изгледа дека градоначалничката дознала за бубицата... некој насила ги скинал кочниците.


СЦЕНА
Некаде во шумата
Емилија со брзи чекоти се движи низ шумата, сака што побрзо да ја најде градоначалничката
СТЕФАН: Ема застани! Смири се!
ЕМИЛИЈА: Да се смирам.. како можам да се смирам, кога знам дека  таа жена се обиде да ме убие!
СТЕФАН: Смири се, немаме никаков доказ.
ЕМИЛИЈА: Секако дека имаме, и одвај чекам да видам кој е човекот на кој ќе му ги даде парите.
МАРТИН: Г-це Емилија, што барате тука?
ЕМИЛИЈА: Г-не Мартин... всуштност што барате вие тука...
МАРТИН: Јас... иамв состанок.
ЕМИЛИЈА: Да погодам, со градоначалничката... аха.. сега сфаќам..
МАРТИН: Што се случува?
ЕМИЛИЈА: Вам градоначалничката ви даде пари....  но за што?
МАРТИН: Тоа е бизнис зделка, не мислам дека ве засега вас.
ЕМИЛИЈА: Ама ви се молам, немојте со таа мистериозност.
МАРТИН: Ако веќе сакате да знаете, градоначалничката ми даде пари за земја.
ЕМИЛИЈА: Купи земја од вас?
МАРТИН: Токму така и тоа точно оваа на која вие стоите.
ЕМЛИЈА: А зошто?
МАРТИН:Тоа мене не ме интересира.
СТЕФАН: А што имате во актовката?
МАРТИН: Тоа не ве интересира вас... и онака премногу ви кажав, време е да си одам... (заминува) А, и уште нешто... немојте да ги мешате емоциите и работата.. тоа може да ве однесе во погрешна насока.

СЦЕНА
Пред куќата на градоначалничката
Емилија и Стефан се спремаат да влезат внатре
СТЕФАН: Навистина не знам што точно бараме тука.
ЕМИЛИЈА: Ќе влеземе на сила!
СТЕФАН: Да не полуде? Како ќе влеземе на сила! Нели ќе одиме по законот.
ЕМИЛИЈА: Можеме малку и да избегаме од законот... нема да биде проблем.
СТЕФАН: Во ред, но ја знаеш ли шиврата од алармот.. Ако сакаш да влеземе мораме да се снајдеме со алармот, зошто целата куќа е поврзана со тој аларм...
ЕМИЛИЈА: Тоа е лесно. (зима камен и удира по прозорот, алармот се активира)
СТЕФАН: Рече дека го знаеш кодот.
ЕМИЛИЈА: Не го реков тоа.. реков дека е лесно..
СТЕФАН: Да бегаме од тука.. полицијата ќе дојде за секој момент.
ЕМИЛИЈА: Не нема да бегаме. (влегуваат внатре) За да дојде полиција ќе треба претходно 3 минути за да им стаса известување, а потоа уште 4 минути за да дојдат.. така да се имаме на располагање 7 минути. (во канцеларијата на Сузана, Емилија става USB на компјутерот и ги копира сите документи поврзани со земјата) Ова беше лесно. (продолжува да ја пребарува собата)
СТЕФАН: Ајде да одиме.. го имаме тоа што ни треба..
ЕМИЛИЈА: Уште да ја најдам книгата на Никола.
СТЕФАН: Не дојдовме за книгата на Никола, туку за доказите..
ЕМИЛИЈА: Ти можеби дојде за доказите но јасисто така сум дојдена и за книгата. (додека бара низ фиоките вади ланче со над 30 клучеви) Што се отклучуваат овие клучеви?
(одеднаш се пали светлото, пред нив се појавува Сузана)
СУЗАНА: Г-це Емилија.. што барате тука?
ЕМИЛИЈА: Си ја вршам работата... имавте обид за грабеж.
СУЗАНА: Да го слушнав алармот.. но ова беше брзо.. за многу кратко време дојдовте тука.
ЕМИЛИЈА: Бев во близина.
СУЗАНА:Гледам дека сте го донесле и  г-дин Стефан.
ЕМИЛИЈА: Тој бил во близина, пешачел.. а воедно тој и ни е сведок.
СУЗАНА: А, така... и г-не Стефан што видовте?
СТЕФАН: Деца... со ..
ЕМИЛИЈА: Со камен.
СТЕФАН: Точно со камен...
ЕМИЛИЈА: Ако сакате,  можам темелно да ја проверам канцеларијата за да видам дали нешто фали.
СУЗАНА: Нема потреба.. јас ќе си ја завршам сама работата.. ви благодарам..
ЕМИЛИЈА: Пријатно... градоначалничке, знаете кај сум...можете да ме побарате во секое време.

СЦЕНА
Во паркот
Никола седи и црта, доаѓа Роберт
РОБЕРТ: Што правиш.
НИКОЛА: Цртам.
РОБЕРТ: А што црташ..
НИКОЛА: Нешто поврзано со една книга. Те интересира?
РОБЕРТ: Мене.. да мене се ме интересира.
НИКОЛА: За што си дојден во Дворови?
РОБЕРТ: Дојден сум по некои работи.

СЦЕНА
Во канцеларијата на Емилија
Емилија и Стефан се договараат како да ја откријат Сузана
СТЕФАН: Знаеме дека г-ца Сузана врши криминал, мислам дека е време да ја сопреме.
ЕМИЛИЈА: И јас го сакам тоа... но..
СТЕФАН: Види Ема... ако се предомислуваш и ако не си доволно спремна за ова.. јас
ЕМИЛИЈА: Не, јас само..
СТЕФАН: Јас можам да те разберам, но ова морам да го направам... долго време сум под нејзина контрола мислам дека е време да го запрам ова.
ЕМИЛИЈА: Не знам..
СТЕФАН: Види го ова (и подава плико со слики, Емилија ги гледа зачудено сликите. На секоа слика ја има нејзе и Никола.) Сузана ме прати мене да ве следам. Таа знаеше за секој ваш чекор и за секое ваше мислење.. ако не сакаш да го направиш ти ова, тогаш јас ќе го направам сам.
ЕМИЛИЈА: Во ред е... заедно ќе го направиме ова.

СЦЕНА
На гратскиот совет
Градоначалничката отвара состанок на кој ќе се кажуваат проблемите кој ги имаат луѓето во градот
СУЗАНА: Почитувани сограѓани ја отварам овој 45 состанок на кој повторно ќе разговараме за сите пробелми во градот со кој се соочувате... да започнеме.
СТЕФАН: Г-ѓо Градоначалничке, се извинувам но сакам да обрнеме внимание на нешто друго.
СУЗАНА: Г-не Стефан оваа не е отворена расправа... доколку сте сакале да зборувате за нешто тогаш требало да го потполнете барањето и да си го чекате вашиот ред.. а сега ве молам седнете.
ЕМИЛИЈА: И јас сакам да кажам нешто Градоначалничке.
СУЗАНА: Ах, г-це Емилија... нема место каде вие не се замешувате.
ЕМИЛИЈА: Мислам дека е време да ги откриеме вистинските лица.
СУЗАНА: Не ве разбирам.
ЕМИЛИЈА: Наместо да зборувате за пробелеите кој не се толку важни, зошто не зборуваме за тоа што се случува во општината.. ајде да зборуваме за 100.000 илјади денари кој ги украдовте од одштината градејќи си сопствена куќа во шумата. Си гради раскошна куќа! Во моите раце држам документи кој ќе и ја зацрнат судбината на оваа жена.. на вашата градоначалничка. Ова се пановите. (покажува некои скици)
СУЗАНА: Г-це Емилија, престанете.
ЕМИЛИЈА:Не нема да престанам. Време е да им ја кажеме вистината на сие. Сите ќе дознаат дека вие не се грижите за никој друг освен за себе. Време е да им кажете на сите овие луѓе каде се парите кои исчезнаа од општината.
СУЗАНА: В ред е г-е Емилија. Ме разоткривте.. (Настанува збрка  во просторијата, сите се зачудени) Ве молам за тишина! Сакам а и објаснам на г-ца Емилија за што точно станува збор. (го уклучува проекторот) Парите од општината беа змени со цел да се изгради парк..
ЕМИЛИЈА: Молам? (тивко)
СУЗАНА: Токму така.. бидејќи бурата го уништи старото игралиште јас се чувствувам одговорн да направам ново каде што моето дете ќе може да си игра.. не само моето туку сите деца од  Дворови ќе можат да си играат на сигурно место. Ете ме разоткривте... Се надевам дека сте задоволни. А сега ве молам да ја напуштите просторијата.

СЦЕНА
Во дворот на општината, после собирот
СУЗАНА: Ви благодарам што дојдовте.. (Сузана на едната страна од дворот се поздравува со присутните, а на другиот крај разговараат Емилија, Мартин и Стефан)
МАРТИН: Навистина ме фасциниравте со вашата работа г-це Емилија.
ЕМИЛИЈА: Ве молам немојте и вие.
МАРТИН: Јас ве предупредив, немојте да ги мешате емоциите со работата, тоа може да ви наштети.. но како што гледам вие не сте се потрудиле да ме послушате во врска со тоа прашање. Пријатно г-це Емилија... се надевам следниот пат нема толку многу да избрзувате.
СТЕФАН: Овој пат ни побегна градоначалничката. (полека заминуваат, но во тој момент довикува Сузана)
СУЗАНА: Г-це Емилија! Ве молам. Ќе може ли да поразговараме?
ЕМИЛИЈА: Секако..
СУЗАНА: Насамо.. (заминува Стефан) Видете г-це Емилија.. јас не сакам да ви се мешам во работата но затоа и ве молам и вие да не ми се мешате во мојата работа.. Тоа што го направивет денес беше бесмислено...
ЕМИЛИЈА: Градоначалничке, денес можеби згрешив но.. и вие имате дел од ова што го направив.. да не ми го направевте вие мене тоа јас можеби и немаше да дојдам кај вас.
СУЗАНА: Што сум ти направила?
ЕМИЛИЈА: Сте ги скинале кочниците од автомобилот.
СУЗАНА: Господе Боже! Што корист имам јас од тоа? И зошто би го направила?
ЕМИЛИЈА: Сеуште немам докази но наскоро кога ќе ги добијам..
СУЗАНА: Додека не ги добиете вашите докази јас ви забранувам да се гледате со мојот син без мое знаење.. има толку многу судови во светот кој можат да ве осудат и никогаш повеќе да немате пристап до овој град.. Вие ми проваливте во мојата канцеларија (Емилија се обидува да ја прекине) Не, се обидувајте да се оправдате г-це Емилија... вие работите за законот, а не против законот.. и затоа ве молам придржувајте се до тоа.. А дотогаш од овој момент.. како мајка на Никола, ти забранувам да се гледаш со него без јас да одобрам.

СЦЕНА
Во новиот детски парк
Деца си играат а меѓу нив е и Никола, Емилија стои настрана од паркот.. Никола вади воки-токи и зборува
НИКОЛА: Зошто стоиш таму.. дојди тука.
ЕМИЛИЈА: Неможам.
НИКОЛА: Зошто? Да не работиш на операцијата  „Змиско око“?
ЕМИЛИЈА:Не... Бидејќи.. мајка ти ми забрани.
НИКОЛА: Не ја слушај нејзе.
ЕМИЛИЈА: Овој пат не е така.. ако не ја слушам може да не раздели засекогаш.. Најдобро е малку да поминеме одреден периот разделено... додека не се смири ситуацијата... знаеш... јас избрзав ги помешав работите..
НИКОЛА: Немој да се грижиш, се ќе се среди со тек на време.
ЕМИЛИЈА: Се надевам.. И уште нешто.. јас ќе ја најдам твојата книга, ама каде и да е скриена јас ќе ја најдам и ќе ти ја вратам.
НИКОЛА: Ти посаувам среќа.
ЕМИЛИЈА: Морам да одам.. се гледаме.. (заминуав)

СЦЕНА
Во собата на Роберт
Роберт отвара една од торбите, и вади една книга со наслов „Животот е голем сон“

СЦЕНА
Во ресторанот кај Трајанка
Стефан седи на шанкот и пие виски, доаѓа Емилија
СТЕФАН: Навистина ми е жал.
ЕМИЛИЈА: И мене ми е жал.. но..
СТЕФАН: Не знам како не го видовем сето ова.
ЕМИЛИЈА: Сето ова можевме да го видиме но ние бевме заслепени од омразата и лутината.. затоа не го приметивме...
СТЕФАН: Нема потреба да се грижиме.. На Градоначалничката ова не е нејзина единстеван атајна, има уште толку многу.
ЕМИЛИЈА: Да наздравиме?
СТЕФАН: За што?
ЕМИЛИЈА: За нашето содружништво.  И за нашата следна истрага за која со сигурност ќе успееме.
СТЕФАН: Да наздравиме.

СЦЕНА
Во канцеларијата на градоначалничката
Разговараат Сузана и Стефан
СУЗАНА: Повели седни, Стефан. (Стефан седнува на троседот, а понего седнува и Сузана) Е, те слушам! (Стефан од чебот вади диктафон и го пушта)
ГЛАСОВИ ОД ДИКТАФОНОТ:  ЕМИЛИЈА: Да наздравиме?
СТЕФАН: За што?
ЕМИЛИЈА: За нашето содружништво.  И за нашата следна истрага за која со сигурност ќе успееме.
СТЕФАН: Да наздравиме.
СУЗАНА: Одлично си ја завршил работата Стефан.
СТЕФАН: Ви благодарам г-ѓо.
СУЗАНА:  Навистина ме изненади со кочниците.
СТЕФАН: Се разбира јас ги скинав, со тоа само ја придобивме нејзината доверба.. Сега каде и да оди, што и да прави, што и да мисли, ќе го знаете това вие.
СУЗАНА: Ах, Стефан. Навистина сум ти благодарна.. сега можеме да си играме со нејзе...
СТЕФАН: Точно така.. забават може да започне.

СУЗАНА: Навистина не знам што би можела да правам без тебе. 

СЛЕДЕТЕ ГИ НОВИТЕ ПРОДОЛЖЕНИJA ОД ПОНЕДЕЛНИК

0 comments:

Post a Comment