28 епизода „РЕЧЕНО-СТОРЕНО“
СЦЕНА
Во работилницата
На другиот крај од работилницата разговараат Софија и Лазе
СОФИЈА: Зошто го направи тоа!?
Зошто ја излажа? Нели се договоривем да и ја кажеме вистината?!
ЛАЗЕ: Неможев да го направам тоа,
не сакав да ја повредам.. Ако не собере пари треба да си оди. (зборува со љубов
во очите)
СОФИЈА: Ах, господи, па ти си
вљубен во нејзе. Како можеше!? Таа е многу чесна а ти си!... ова не е правилно!
ЛАЗЕ: Види кој ми зборува. Жената
ороспија која се меша со оженети мажи! Види сестро, ти имаш свои цели и затоа
си тука а јас имам мои.
СОФИЈА: Добро, да го оставиме
тоа. Ти и кажа дека ги продадовме свеќите.. Тоа се 8 000 денари, а ние тие пари
ги немаме!
ЛАЗЕ: Ќе ги набавиме.
СОФИЈА: Кога?!
ЛАЗЕ: До вечер.
СОФИЈА: Како ќе го направиш тоа?
ЛАЗЕ: Имам план?
СОФИЈА: Имаш план, а кој е
планот? Пак ли ќе продаваме од куќа во куќа?
ЛАЗЕ: Не, сеуште не знам што ќе
правиме но ќе смислам. А до тогаш не ми се мешај. Ќе може ли.
СЦЕНА
Пред бродот на Лазе
Разговараат Лазе и Мартин
ЛАЗЕ: Еве гледате, бродот е во
одлична состојба, потебно е само да се префарба и да се заменат неколку делови.
МАРТИН: И колку кажа дека бараш
за бродчево?
ЛАЗЕ: 8 000 денари.
МАРТИН: Ако сакаш за 5 000.
ЛАЗЕ: Реков 8 000. Тоа е мојата понуда.
МАРТИН: Многу и конкретен со
понудата.
ЛАЗЕ: Потребни ми се тие пари,
затоа го продавам.
МАРТИН: Толку ли ти се важни?
ЛАЗЕ: Да.
МАРТИН: Тогаш за што ти се?
ЛАЗЕ: Сакам да и помогнам на една
пријателка.
МАРТИН: Тоа е добро од твоја страна.
Ако сакаш за 5 000 може, но за 8 000 не.
ЛАЗЕ: Ама ајде, што се за вас тие
пари, вие сте богат.
МАРТИН: Така е, но зошто да
купувам нешто што не ми треба,а при тоа да дадам толку пари?
ЛАЗЕ: Во ред, тогаш може да го
продолжите рокот што сте им го дале на луѓето од организацијата за денот на
рударите.
МАРТИН: Сфаќам на каде води
работата.
ЛАЗЕ: Можете да им го продолжите
рокот за еден месец, тоа не е ништо за вас.
МАРТИН: Можам.
ЛАЗЕ: Супер! (Радосно)
МАРТИН: Ама не сакам.
ЛАЗЕ: Како што кажав вие сте
богат, ништо нема да ви фали.
МАРТИН: Нема да ми фали ништо, но не сакам во градот да има луѓе кој
не знаат да си ги извршуваа задачите како што треба.. Во договорот јасно беше
наведено што се треба да се направи, а во случај да не се случи тоа, тогаш ќе
бидат избркани од градот.
ЛАЗЕ: Но зошто?
МАРТИН: Да речам дека си имам
свои причини.
ЛАЗЕ: Но ве молам.
МАРТИН: Жал ми е.. овој разговор
е завршен. (заминува, Лазе изнервиран влегува во бротчето и почнува да расфрла
внатре, одеднаш се слуша тропање на бродот)
СИМОНА: Лазе! Тука ли си? (Лазе
излегува)
ЛАЗЕ: Сестро Симона.. Ти? Што
бараш тука?
СИМОНА: Испеков пита од јаболка,
па сакав да ти ја донесам, а Софија ми кажа дека можам да те најдам тука па
решив да дојдам и да ти се заблагодарам за помошта. (Лазе се чувствува
усрамено, ја зима питата и стои во место. Симона започнува да се шета по
пристаништето и да разгледува, радосна е)
СИМОНА: Неможам да поверувам дека
успеавме. А и овој брод е прекрасен (додека зборува и не гледа во Лазе тој се
обидува да ги покрие со мушама пакетите со свеќи но не успева целосно) ќе ме
прошеташ со него. (Симона го здогледува) Што правиш?
ЛАЗЕ: Ништо.
СИМОНА: Само малку, сакам да
видам.
ЛАЗЕ: Некај, остави го тоа.
(Симона ја истрга мушамата и ги гледа пакетите со свеќи)
СИМОНА: Што значи ова Лазе? (Лазе
не знае што да каже) Нели кажа дека ги продаде свеќите, тогаш што бараат овие
тука?
ЛАЗЕ: Можам да објаснам.
СИМОНА: Те слушам.
ЛАЗЕ: Свеќите не ги продадовме.
Никој не сакаше да купува од мене, а јас не сакав да ти кажам за да не те
повредам. Сакав се да средам.
СИМОНА: Подобро ќе беше да ми
кажеше.
ЛАЗЕ: Многу ми е жал.. Но избра
погрешен човек на кој му ја даде твојата доверба. (Симона е готова да заплаче
но се воздржува и полека заминува.
СЦЕНА
Во канцеларијата на Емилија
Емилија разгледува фотографии од сообраќајката на Габриела, доаѓа Стефан.
СТЕФАН: Ги имам списоците.
ЕМИЛИЈА: Дај ми да погледнам.
СТЕФАН: Има нешто многу
интересно.
ЕМИЛИЈА: Што тоа?
СТЕФАН: Телефонски разговор кој
траел цели 9 минути и тоа со Марко точно еден час пред несреќата.
ЕМИЛИЈА: Тоа не е возможно. Тој
ми кажа дека не зборувал со нејзе.
СТЕФАН: Те лажел!
ЕМИЛИЈА: Не, не ме излажа.
СТЕФАН: Емилија, луѓето лажат но
ова е доказ. Доказ кој кажува дека тој зборувал со нејзе. Треба да престанеш да
им веруваш толку многу на луѓето. Не си единствената која верува во него.
СЦЕНА
Во ресторанот кај Трајанка
Софија седи на шанкот и пие виски, доаѓа Лазе
ЛАЗЕ: И
мене дај ми истото што го пие и таа. (Викторија му дава и него виски)
СОФИЈА:
И што ќе ми кажеше? Ги продаде ли?
ЛАЗЕ:
Кога ќе ме видиш вака,(прави налутен израс на лицето) што ти кажува ова?
СОФИЈА:
Значи не успеа. Како што си претпостаував, кој ќе сака да купи миризливи свеќи
од ваков тандем, пијаница и кучка. (Продолжуваат да пијат) Ќе ти кажам нешто но
немој да ми се налутиш.
ЛАЗЕ:
Те слушам.
СОФИЈА:
Твојата врска со Симона нема да успее.
ЛАЗЕ:
Зошто мислиш така?
СОФИЈА:
Пред се, таа е многу добра, луѓето ја сакаат, а ти имаш лошо минато.
ЛАЗЕ:
Тоа не значи ништо. Луѓето постојано ми кажуваат за работи кој не можам да ги
направам. Таа беше исклучок, за прв пат некој веруваше во мене и ми даваше
надеж дека можам да успеам во се.
СОФИЈА:
Тоа е убаво, но понекогаш треба да ги слушаме луѓето. Погледни ме мене, од
угледна наставничка сега сум обична кучка.
ЛАЗЕ: А
убавите моменти?
СОФИЈА:
Молам?
ЛАЗЕ:
Велам убавите моменти. Ти сигурно со тој Марко си имала и убави моменти кој сте
ги поминале заедно.
СОФИЈА:
Секако дека имавме.
ЛАЗЕ: Тогаш во што е проблемот, остави ги луѓето
нека зборуваат, ти ги имаш помината ноајубавите моменти од твојот живот и уште
моногу такви ќе имаш. Луѓето само
гледаат од страна, тие не се свесни за тоа што ние го чувствуваме. Знаеш,
животот е многу добар. Кога ни е тешко можеме да се навраќаме наназат и да се
присетиме на убавите спомени.
СОФИЈА:
Знаеш, мислам дека имаш право.
ЛАЗЕ: Секако дека имам право, но јас тоа не го
направив. Јас не уживав во моите моменти со Симона. Со нејзе сакав да имам
нешто посебно.
СОФИЈА:
Се е тоа убаво, но имаме голем проблем. Мораме да ги собереме тие пари.
ЛАЗЕ:
Мислам дека ми текна една многу добра идеја. (Го пие вискито на екс)
СЦЕНА
Во ценатарот на градот
Прославата за денот на рударите е
започната, голем број ма луѓе се собрани и се движат наоколу, некој деца се
брукаат а стари луѓе седат по клупите. Целиот ценат е украсен со сјалици. Лазе
се качува на на една зграда и полека застанува на ќошот од зградата.
ЛАЗЕ:
(погледнува накај луѓето) Во ред Лазе, спремен си. (Доаѓа Софија)
СОФИЈА:
Немој Лазе! Немој да го правиш тоа?
ЛАЗЕ:
Што да не правам? О, не не.. Чекај ти мислиш дека ќе се фрлам од зградава?
СОФИЈА:
Да, зарем нема да го правиш тоа? (Лазе се смее на глас)
ЛАЗЕ:
Ха, ха, сестро. Нема да се фрлам, види ме колку сум дебел можам да паднам врз
некој и да го повредам.
СОФИЈА:
Па што ќе правиш тука качен?
ЛАЗЕ:
Ќе видиш. (ја позима секирата) Наведни се сестро! (удира по бандерата која е во
близина, а со тоа ги кине жиците, а во тој момент снемува струја, центарот е во
скоро целосна темница)
СОФИЈА:
Што направи ти?!
ЛАЗЕ:
Време е да продаваме миризливи свеќи сестро! (Софија изненадено му се
насмевнува)
СЦЕНА
Во центарот
На еден штанд Софија и Лазе ги продаваат
свеќите, има голема гужва пред штандот, сите луѓе се гужваат за кој да зема
свеѓа некој се насмевнуваат, други веднаш доаѓаат од страна и подаваат пари со
цел побрзо да земат свеќа, во еден момент Софија и Лазе се заврутваат наназат и
бараат нова кутија со свеќи.
СОФИЈА:
Лазе, го гледаш ли и ти тоа што го гледам јас.
ЛАЗЕ:
Неможам да поверувам.
СОФИЈА:
Успеавме! (силно го гушка) Ги продадовме сите свеќи! (Во тој момент Лазе се
завртува и погледнува кон Симона, која стои и разговара со некои пријателки)
СОФИЈА:
Ајде оди, зборувај со нејзе. Време да го до доживееш и ти твојот момент.
ЛАЗЕ:
Во ред. (Ја зима кутијата со пари и се доближува накај Симона. Симона кога
примети дека доаѓа накај нејзе се насмевна)
СИМОНА:
Се извинувам ќе ве напушам малку. (се доближува накај Лазе)
ЛАЗЕ:
Сестро, сега имам радосна вест. Ги продадовме сите свеќи. (насмеано)
СИМОНА:
Навистина? (зачудено)
ЛАЗЕ:
Точно така, како што реков, ќе смислам нешто. Повели (и ја подава кутијата)
Точно 12 000 како што ми кажавте.
СИМОНА:
Ах, Господи. (пресреќна е) Не знам што да кажам. Ти благодарам.
ЛАЗЕ:
Нема на што, ми беше задоволство да го направам ова. Секако со мала помош.
СИМОНА:
Јас верував во тебе.
ЛАЗЕ:
Знам, а токму тоа и ми даваше сила да продолжам. Не сакав да те разочарам. (се
насмевнуваат) Знаеш што. Мојот бројт ќе го поправам, ќе го офарбам и ако сакаш
ти ќе бидеш мојата прва гостинка која ќе се вози со него.
СИМОНА:
Тоа е прекрасно. Ти благодарам. (Лазе и се насмевнува, чувствува дека срцето му
е исполнето со љубов)
СЦЕНА
Во канцеларијата на Емилија
Емилија ги разгледува списоците кој ги доби од Стефан, со црвен маркер го
подвлекала името на Марко и неговиот број кој се наоѓа на списокот. Доаѓа
Сузана.
ЕМИЛИЈА:
Ако доаѓате да ми кажете нешто во врска со прекинот на струјата не се
секирајте, има луѓе кој работат на дефектот, наскоро ќе биде средено.
СУЗАНА:
Не дојдов за тоа. Дојдов во врска со исчезнувањето на мојата пријателка. Знаете
ли нешто.
ЕМИЛИЈА:
Всуштност знам нешто. Но не сум сигурна дали смеам да ви го кажам тоа.
СУЗАНА:
Видете г-це Емилија, доколку не си ја вршите работата како што треба, ќе бидам
приморана да најдам ваша замена која што ќе си ја врши работата правилно. Се
надевам дека не штитие никој. (сузана си заминува)
СЦЕНА
Во центарот на градот
Луѓето сеуште се шетаат на сите страни
со свеќите во раце, Софија заврши со пакување на кутиите, ја гаси свеќата и оди
накај својт автомобил, кога се доближува до него, го забележува натписот
„КУРВА“ Се налутува и се враќа назат кај луѓето. Додека се враќа назат, ја
пресретнува Трајанка сопственичката на ресторанот, ја фаќа за рака, не и вика
ништо едноставно само и ја запалува свеќата и и се насмевнува. Софија е пресреќна
исто се насмевнува и започнува радносно да се движи низ луѓето. Во другиот дел
од центарот настрана соти Марко, а до него доаѓа ЕМилија.
ЕМИЛИЈА:
Треба да зборуваме Марко.
МАРКО:
Што се случува? Дознавте нешто за Габриела?
ЕМИЛИЈА:
Ништо ново.
МАРКО:
Тогаш?
ЕМИЛИЈА:
Мислам дека не ми кажа се.
МАРКО:
Како тоа? Јас ви кажав се што знам.
ЕМИЛИЈА:
Изгледа не е така. Некој лаже.. Ајде да одием во станица и да поразговараме. (Му става лисици на
рацете, луѓето се вртат накај нив и почнуваат да зборуваат меѓу себе, во тој
момент се појавува Софија која гледа како Емилија го приверува Марко и се
чувствува вознемирено.)
УТРЕ СЛЕДУВА НОВО ПРОДОЛЖЕНИЕ



0 comments:
Post a Comment