2 ЕПИЗОДА „НОВА ОДЛУКА“
СЦЕНА
ВО ЗАТВОР
ЗАТВОРЕНИК: (свири со уста) Што гледаш сестро?
(Емилија станува
од креветот)
СТОЈАН: Полека со
госпоѓицата... значи вие сте мајката на Никола.. многу добро што се вративте во
неговиот живот.
ЕМИЛИЈА:
Всуштност само го вратив дома.
ЗАТВОРЕНИК: Не те
обвинувам. На кој му требаат дечишта?
ЗАТВОРЕНИКОТ: Баш
се потресов.
МАРЈАН: Ајде
станувај... слодена си.. и насмевни се, а воедно тргни се од непријатности.
ЕМИЛИЈА: Ама
ајде.
МАРЈАН: Приказната на Сузана е подобра и по
прифатлива.
ЕМИЛИЈА: Не бев
пијана. Имаше куче на патот.
МАРЈАН: Куче,
сериозно. (Доаѓа Сузана)
СУЗАНА: Инспекторе, мораме повторно да го бараме
Никола. Повторно побегна. (Ја здогледува Емилија) Што правиш ти тука? Знаеш ли
каде е Никола?
ЕМИЛИЈА: Госпоѓо последен пат го видов кога го донесов кај вас дома. И
од тогаш имам добро алиби.
СУЗАНА: Не беше
во собата утрово.
ЕМИЛИЈА: Ги
прашавте неговите пријатели дали знаат нешто?
СУЗАНА: Нема
многу другари. Повеќе сака да е сам.
ЕМИЛИЈА: Сите
деца имаат пријатели. Го проверивте ли неговиот компјутер? Ако има пријатели
можеби им пратил пораки.
СУЗАНА: А како го
заеш ти тоа?
ЕМИЛИЈА:
Пронаоѓањето на луѓе е моја работа.. Имам еден предлог.. Вие да ме пуштите а
јас да ви помогнам да го најдете.
СЦЕНА
Во собата на Никола
(на компјутер Емилија пробува да најде пораки)
ЕМИЛИЈА: Паметен
малечок ги избришал пораките, но и јас сум паметна..со оваа програма можам да
го вратам избришаното.
МАРЈАН: Ова мене
не ми е познато. Јас сум повеќе за нешто посилно, акција..
ЕМИЛИЈА: Вие
примате плата а јас работам за некој други цели. А редовното примање би ми било
луксуз. Ах, еве честитки за добредојдовте во сајтот www.kojaetvojamajka.com.mk Ова е скапо. Има ли кредитна картичка?
СУЗАНА: Тој има
13 години.
ЕМИЛИЈА: Но ја
користел. Да видиме кој платил. Софија
Николовска. Која е Софија Николовска?
СУЗАНА:
Учителката на Никола.
СЦЕНА
ВО УЧИЛНИЦА
СОФИЈА: Додека ги
правите куќите за птици, запомнете ние не правиме кафези туку дом за
птиите. Птицата е слободна. Ова е за нив
а не за нас. Тие се прекрасни суштества.
Ако ги сакате и тие ќе ве сакаат вас. АКо не ги сакате и тие нема да ве сакаат
вас. (заѕвонува ѕвончето) Ќе продолжиме после одморот.
(помеѓу децата се појавува Сузана)
СОФИЈА:
Градоначалничке, што правите вие тука?
СУЗАНА: Каде е
мојот син?
СОФИЈА: Мислев
дека е дома со вас.
СУЗАНА: Ако беше
дома со мене, зарем ќе дојдев тука и ќе прашував за него. Дали вие му дадовте
кредитна картичка за да може да ја најде нејзе?
СОФИЈА: Извинете
која сте вие?
ЕМИЛИЈА: Јас
сум.. јас..
СУЗАНА: Жената
која го дала на посвојување.
СОФИЈА: Не би
требало да го павам ова.. (Отвара новчаникот) паметен малечок.. ми ја зема
картицата... не требаше д а му ја дадам таа книга.
СУЗАНА: Која е
таа книга по ѓаволите за која стално слушам?
СОФИЈА: Тоа е
книга во која може да допреш до совеста, до соновите.. а како што знаете Никола
е добро момче, креативен е, забавен, паметен и секако осамен. Потребна му беше.
СУЗАНА: Тоа што е
потребно е доза на реалност. Ова е само губење на време! (заминува) Среќен пат
за дома госпоѓице Емилија.
ЕМИЛИЈА: Извинете
што Ве вознемиривме.
СОФИЈА: Не, не.
Јас сум виновна.
ЕМИЛИЈА: Како тоа
таа книга ќе му помогне?
СОФИЈА: Знаете
Тоа е книга која допира до совеста, можеш да с еприсетиш на се то те растажило
и секако на сите деца што се посвоени да се запрашаа со едно исто прашање
„Зошто ме дале?“ Ох, извинете. Извинете многу ве молам, несакав да ве навредам.
ЕМИЛИЈА: Во ред
е.
СОФИЈА: Слушнете
ме.. му ја дадов книгата на Никола само за да му кажам дека сеуште треба да
има.. надеж.. Верувањето во нешто кое е мноу сурово може да направи и тоа да се
оствари.
ЕМИЛИЈА: Вие
знаете каде е?
СОФИЈА: Можеби ќе сакате да ја проверите неговата
куќичка.
СЦЕНА
Во шумата
(Во шумата Никола има направено куќичка од дрва,
личи на замок.. Никола седи на една штица од куќичката, Емилија му се прикраува
од позади и доаѓа до него полека)
ЕМИЛИЈА: Си ја
оставил во мојата кола.
НИКОЛА: Ти
благодарам... знаев дека ќе дојдеш..
ЕМИЛИЈА: Те молам
не почнувај.
НИКОЛА: Но веќе е
започнато, мораме да го завршиме ова и да живееме среќно.. заедно како
семејство..
ЕМИЛИЈА: Ништо не
е почнато.
НИКОЛА: Почнато
е, само ти не можеш да го видиш тоа. Но мора да ми веруваш... Сузана не е таква
како што изгледа... има мрачно минато зад нејзе.
ЕМИЛИЈА: Престани
да зборуваш така за твојата мајка...
НИКОЛА: Таа не е
моја мајка.. ти си ми мајка... и престани да ме бркаш од тебе. Се чувствуваш виновна но немој да бидеш..
знам зошто ме даде на посвојување. Сакаше само да ми дадеш подобра можност.
ЕМИЛИЈА: Од каде го знаеш тоа?
НИКОЛА: Од истата
причина што и Софија те даде тебе...
ЕМИЛИЈА: Што? Види.. ова е се премногу, треба да престанеш
со тоа... неможеш туку така да им кажуваш на луѓето кој се и што се... тоа не е
реалноста..Но само за едно има право... Сакав да ти пружам подобра можност.
Ајде.. треба да одиме..
НИКОЛА: Те молам
не ме враќа таму. Само сакам да останеш со мене барем некое време и ќе видиш
дека не сум луд.. Само тоа го барам од тебе.
ЕМИЛИЈА: Морам да
те вратам кај твојата мајка.
НИКОЛА: Јас не
можам да живеам со нејзе, животот со нејзе ми е ужасен.
ЕМИЛИЈА: Знаеш
што е ужасно? Ужасно е да бидеш оставен
покрај пат, моите родители не ме однесоа ни до болница.. Потоа едно семејство
ме посвои и се додека не наполнив 3 години и потоа добија свое дете а мене ме
вратија назат. ... Види.. твојата мајка барем се труди. Знам дека е тешко, но
барем се труди и сака да го направи тоа.
НИКОЛА: Твоите
родители не те оставија покрај патот, туку таму те оставија други луѓе.
ЕМИЛИЈА: Што?
НИКОЛА: Тебе те
украле од родителите те оставиле покрај
патот. Твоите родители те бараа но не те најдоа.
ЕМИЛИЈА: Секако
дека е така. Ајде Никола.
СЦЕНА
ПРЕД КУЌАТА НА ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА
Сузана ја отвара вратата, Никола со трчанката
влегува внатре
СУЗАНА: Ви
благодарам.
ЕМИЛИЈА: Нема на
што.
СУЗАНА: Изгледа
дека се приврза за вас.
ЕМИЛИЈА: Знаете..
можеби ќе ви изгледа лудо.. но вчера ми беше роденден и кога ги дував свеќите
замислив... замислив една желба. Сакав
да не бидам сама на роденденот и тогаш се појави Никола на вратата.
СУЗАНА: Се
надевам дека ви е јасно?
ЕМИЛИЈА: Што?
СУЗАНА: Немојте
да го сваќате ова како повик да влезете во неговиот живот. Г-це Емилија
донесовте одлука пред 13 години. А во изминативе години.... Вие... којзнае што
сте правеле. Јас му ја менував секоја
пелена, јас го лечев кога беше болен. Вие можеби сте го родиле но јас сум му мајка.
ЕМИЛИЈА: Јас
само.
СУЗАНА: Не,
неможе да зборувате! Се откажавте од него, и сега неможе да го земеш назат. Вие
кога го дававте детето на посвојување сте побарале да не можете да си го земете
назат.. Така сте одлучиле вие самата. Немате право да го земете Никола назат.
Па затоа ве замолувам да се качие во
автомобил и да си заминете таму од каде што дојдовте. А ако не го направите
тоа.. Ќе морам да направам нешто за кое ќе зажалите.... Збогум г-це Емилија.
ЕМИЛИЈА: Го сакаш
ли?
СУЗАНА: Молам?
ЕМИЛИЈА: Дали го
сакаш?
СУЗАНА: Секако
дека го сакам.
(Влегува внатре и ја удира силно вратата)
СЦЕНА
Во собата на Никола
(Никола лежи на креветот и плаче, а Сузана полека
влегува во собата ја зима книгата „Животот
е голем сон“ и заминува)
СЦЕНА
Во болница
Софија е во болница, ги поднаместува креветите,
меѓу болните е и Марко
СЦЕНА
Во собата на Никола
Никола седи покрај прозорот и гледа во ѕвездите...
СЦЕНА
Пред ресторан
Емилија влегува во една страда куќа на која пишува
„КАЈ ТРАЈАНКА со спиење и појадок“. Влегува внате и затекнува како се караат
Трајанка и Викторија.
ТРАЈАНКА: Беше
надвор цела ноќ и сега пак ќе излегуваш!
ВИКТОРИЈА:
Требаше да заминам во Скопје!
ТРАЈАНКА: О, жал
ми е што мојот срцев удар ти ги смени плановите!
ЕМИЛИЈА:
Извинете.. би сакла соба.
ТРАЈАНКА:
Навистина? (полека се смирува)Со поглед кон шумата или кон градот? Секако
погледот кон градот е поскап но..
ЕМИЛИЈА: Во ред
е, нека биде кон градот.
ТРАЈАНКА: Вашето
име е?
ЕМИЛИЈА: Емилија Михајловска. (доаѓа Мартин)
МАРТИН: Емилија,
колку прекрасно име.
ЕМИЛИЈА:
Благодарам.
ТРАЈАНКА: Се е
тука.
МАРТИН: Секако. Ви
благодарам.. Уживајте во престојот.... Емилија. (заминува)
ЕМИЛИЈА: Кој беше
тоа?
ВИКТОРИЈА: Господин Мартин.. сопственикот..
ЕМИЛИЈА: На
местово?
ТРАЈАНКА: Не, на
градот. Па колку останувате?
ЕМИЛИЈА: Една
недела.. само една недела.
ТРАЈАНКА:
Прекрасно. (И го подава клучот)
Добредојтовте во Дворови.
(Никола здогледува како паѓаат ѕвезди и се
насмевнува)
ПРОДОЛЖУВА ВО ПОНЕДЕЛНИК



0 comments:
Post a Comment