Кога ќе погледнете за прв пат ќе си речете дека тоа е еден обичен град како и секој. Би ве советувал да погледнете повторно, ова не е само еден обичен град, ова е град каде постојат строги правила.
Личнота која нема да ги почитува тие правила ќе биде избркана од градот или ќе и биде одземен животот. Во овој град „Дворови“ владее најмоќната жена Сузана Гоцева, жена замешана во криминал, перење на пари, киднапирања, таа е првата дама и не дозволува никој да направи нешто без нејзина дозвола. Но колку и да се труди „ништо не може да биде совршено“, во градот доаѓа нејзиниот вечер ривал Емилија Панова. Емилија на свои 17 години родила дете, а тоа бебе било украдено од страна на Сузана. Време е да се наплатат долговите, време е да се разгори љубовта во овој град каде со години не се случила никаква промена. Измами, тајни стари со години, забранета љубов, убиства, извртување на вистината, помагање на лица на кој тоа им е најпотребно ова е дел од сето тоа што ќе можете да го прочитате во најновата веб-серија на Александар Арсовски. Серија која ветува дека нема да ве остави рамнодушни до самиот крај, заедно со серијата ќе плачете, ќе се смеете а пред се ќе дознаете на што се е способна една мајка да направи за да си го врати своето дете назат. Но дали тоа ќе биде успешно или не, ќе дознаете во епизодите кој следат. Епизодите ќе ги објавуваме од ПОНЕДЕЛИНК до ПЕТОК .
Број на епизоди: 43
За да прочитате кој се учествува во оваа веб серија, а воедно и да се запознаете со ликовите кликнете ТУКА



0 comments:
Post a Comment