Tuesday, August 20, 2013

19 епизода „ДЕМНЕЕЊЕ“


19 епизода „ДЕМНЕЕЊЕ“


Пред куќата Сузана
Никола излегува надвор и го гледа човкот како стои со моторот пред куќата, полека му се доближува
НИКОЛА: Што правиш тука?
РОБЕРТ: Го поправам моторот.
НИКОЛА: Ти си нов во градот.. зошто дојде?
РОБЕРТ: Дојден сум во посета. (Од куќата испаѓа и Сузана, наеднаш се вознемирува од човекот)


НИКОЛА: Во посета... а што имаш во оваа торба.
РОБЕРТ: Некои работи кој што ќе ми помогнат за мојата работа
НИКОЛА: Но нели си на посета..
СУЗАНА: Никола, ајде дојди те чекам!
РОБЕРТ: Подобро е да тргнеш за на училиште малечок. (заминува)
 СУЗАНА: Кој беше човекот?
НИКОЛА: Не знам.. нов е во градот.

СЦЕНА
Во куќата на Софија
Емилија појадува а Софија трча низ собата и се спрема да излезе.
ЕМИЛИЈА: Некаде се брзаш?
СОФИЈА: Сум се успала.
ЕМИЛИЈА: Уште нема 07.00 часот.. а наствата ти почнува од 07.30.
СОФИЈА: Да но морам да бидам порано на училиште, ќе правиме некаков експеримент... со пеперутки...
ЕМИЛИЈА: Аха во ред...
Софија со трчање доаѓа до ресторанот кај Трајанка и седнува на една од масите, вади огледало си ја поднаместува косата, погледнува во часовникот 07.10 е часот.. на брзанка вади книга и почнува да чита. Во ресторанот  влегува и Марко
МАРКО: Две кафиња, едното поблаго.
ВИКТОРИЈА: А другото горко..
МАРКО: Еј! Како си Софија.
СОФИЈА: (Како да е изненадена) Еј, добро сум.. ти.. како е со животните?
МАРКО: Мајмуни како мајмуни никогаш не ме слушаат.. (се смеат) Јас морам да одам... ќе закаснам на работа.
СОФИЈА: Да секако.. (погледнува надвор, Марко и го дава кафето на Габриела и ја бакнува во образ, таа се насмевнува)
ЕМИЛИЈА: Значи тука го правите експериментот.
СОФИЈА: Како дојде тука. Т.е како знаеше дека сум тука.
ЕМИЛИЈА: Софи, те молам.. секое утро доаѓаш во 07 и 10 за да го видиш Марко.. така ли е?
СОФИЈА: Ах,, така е... нема што да кријам.. ми се допаѓа а ова ми е шансата за да го видам...
ЕМИЛИЈА: Но ти го следиш..
СОФИЈА: Не го следам, од каде тоа..
ЕМИЛИЈА: Е добро, ќе ми кажеш ли што прави Марко друго.
СОФИЈА: Во 07.10 доаѓа по две кафиња едно за него а другото за Габриела. Потоа во 14 и 30 доаѓа и си купува за јадење... а во 17 часот е веќе дома..
ЕМИЛИЈА: Друго нешто?
СОФИЈА: Секоја среда доаѓа и купува кинеска храна.
ЕМИЛИЈА: Е сега кажи ми нели ова ти се чини дека е демнеење.
СОФИЈА: Демнеење, никако.. јас само го сакам...

СЦЕНА
Во маркет
(Пазарат Софија, Габриела и Сузана. Софија е загледана во некои производи и се движи полека, не забележува и се судира со Габриела, предметите им паѓаат и почнуваат да ги собираат. А во позадина додека разгледуваат се слушат вестите на радио)
ГЛАСОТ ОД РАДИОТО:  Почитувани граѓани ве известуваме дека на се очекува силно невреме кое може да го зафати нашиот град... препораките се следни. (во тој момент се судруваат)
СОФИЈА: Се извинувам не ве видов..
ГАБРИЕЛА: Нема никаков проблем (се наведнуваат и ги собират предметитие што паднаа)
СУЗАНА: Да, не ја виде!
ГАБРИЕЛА: Ова е ваше.. (и го подава мирисот)
СОФИЈА: Ти благодарам... а ова... (го погледнува тестот за бременост) ова сигурно е твое.
ГАБРИЕЛА: Ти благодарам.. (заминува) Доаѓа Сузана
СУЗАНА: Се надевам нема да зборуваш наоколу... сепак тоа е нивен приватен живот и ти не би требало да се мешаш.

СЦЕНА
Некаде во шумата
Софија се шета по планината, одеднаш забележува звук од некое животно, се доближува на крајот од патот и забележува штрк како е заплеткан со некоја жица.
СОФИЈА: Ох, малечко... што ти се случило тебе... дојди тука.. (го зима и го носи во ветеринарната станица)

СЦЕНА
Во ветеринарната станица
Одговорниот го прегледал штркот и и ја соопшрува состојбата, а од страна стои и Марко и слуша.
ВЕТЕРИНАРОТ: Јас ја прегледав птицата и нема некои потешки повреди.. но како што знаете таа е преселница, во овој период таа се враќа назат со останатото јато во топлите краишта... мораме да ја споиме со јатото затоа што..
СОФИЈА: Може засекогаш да остане осамен и оддалечен од јатото..
ВЕТЕРИНАРОТ:  Точно така, но само  да знаете дека бурата се наближува ако не можете да успеете.
СОФИЈА: Ќе успеам.. ќе дадам се од себе господине.
ВЕТЕРИНАРОТ: Во ред тогаш... ако нешто во затреба слободно побарајте ме. (заминува)
МАРКО: Софија, мислам дека е ова премногу за тебе.
СОФИЈА: Не е ништо премногу.. го слушна што кажа човекот.
МАРКО: Да но невремето се ближи, неможеш сека да одиш во планината.
СОФИЈА: Морам да го направам тоа.. замисли ја оваа малечка птица да остане сама без своето семејство, нема да го дозволам тоа. Освен тоа, бурата може да дојде и утре, а јас ова морам да го направам веднаш.
МАРКО: Добро тогаш брем да дојдам со тебе.
СОФИЈА: Нема потреба, ти благодарам. (заминува)

СЦЕНА
Некаде во центарот на градот
Емилија го потготвува автомобилот, пуштено е радиото, а доаѓа и Сузана. Емилија е облечена со елече бидејќи дова ветер и се слушаат грмотевици.
ГЛАСОТ ОД РАДИОТО: Како што и претходно јавивме, одбегнувајте да се движите по планинските предели, невремето ќе бие опасно, можно е да се случат одрони на земјата и да има повредени, затоа ве предупредуваме останете во вашите домови и не ги напуштајте додека не помине невремето..
СУЗАНА: Емилија!
ЕМИЛИЈА: Градоначалничке! Се надевам не дојдовте да ми кажете дека јас сум крива за тоа што има невреме.
СУЗАНА: хаха, имате смисла за хумор г-це Емилија.. но јас дојдов за друго.. имаме странец во градот.
ЕМИЛИЈА: Да знам... го видов.
СУЗАНА: Некако ми изгледа чудно, мислам дека е потребно да го проверите..
ЕМИЛИЈА: Зошто... јас синоќа го сретнав не изгледаше толку чудно.
СУЗАНА: Сте зборувале со него?
ЕМИЛИЈА: Само ме праша каде може да најде за престој.
СУЗАНА: Треба да го проверите..
ЕМИЛИЈА: Зошто? Причина?
СУЗАНА: Утрово го видов како се врти околу мојата куќа.. а бидејќи и двајцата не интересира само едно, а тоа е безбедноста на Никола мислам дека треба да го сватите ова сериозно.

ЕМИЛИЈА: Во ред, ќе го направам тоа.

УТРЕ СЛЕДУВА НОВО ПРОДОЛЖЕНИЕ...

0 comments:

Post a Comment