30 епизода „ТАЈНАТА КУТИЈА“
СЦЕНА
Пред ресторанот „Кај Трајанка“
Викторија доаѓа забрзано, одеднаш кога го забележува натписот „Кај
Трајанка“ станува нервозна, но веднаш се
предомислува, се насмевнува и влагува внатре, сите ја гледаат чудно, Вики доаѓа
до шанкот и нарачува
ВИКТОРИЈА: Имам нарачка.
ТРАЈАНКА: Те слушам.
ВИКТОРИЈА: Сакам три тоста, 1 со
сирење а другите обично.
ТРАЈАНКА: Веднаш ќе биде, малку
ќе почекаш, готвачот треба да ја отпакува кантата со сирење.
ВИКТОРИЈА: Започнав нова работа,
работам како помошничка на инспекторката на полицијата.
ТРАЈАНКА: Убаво.
ВИКТОРИЈА: Понекогаш судбината
знае да изненади.
ТРАЈАНКА: Мене сеуште ми се чини
дека ја работиш истата работа.
ВИКТОРИЈА: Не е точно, наскоро ќе почнам даи помагам во некои од
случаите.
ТРАЈАНКА: Тоа е убаво, се надевам
дека се пронајде самата.
ВИКТОРИЈА: Точно така, се
пронајдов.
СЦЕНА
Во канцеларијата на Емилија
Никола си ги пакува работите.
ЕМИЛИЈА: Во ред малечок, не дека
те бркам, но навистина имам работа треба да одам да видам како е Марко, можеби
е во опаснот.
НИКОЛА: Нема проблем, секако
треба да се вратам дома.. а, уште нешто. Земи ја со себе и Викторија.
ЕМИЛИЈА: Но само што ја вработив.
НИКОЛА: Верувај ми, книгата што
ја прочитав ми потврди дека Вики има добри сетила и може многу да ти помогне.
ЕМИЛИЈА: Не знам, ќе размислам.
НИКОЛА: Јас си одам.
ЕМИЛИЈА: Ајде, ќе се видиме(го
бакнува, а во тој миг влегува и Викторија)
ВИКТОРИЈА: Еве, ја порачката.. а
сега треба да почнам со докуентите (тажна е, седнува на една од фотељите, гледа
во едно место, а тоа го приметува Емилија)
ЕМИЛИЈА: Знаеш што, пакувај ги работиве ќе ги
јадеме во колата.
ВИКТОРИЈА: Каде одиш?
ЕМИЛИЈА: Имам работа, а потребна
ми е помош, ќе дојдеш со мене.
ВИКТОРИЈА: Тоа е супер. Но не
сакам да ти ја упропастам работата..
ЕМИЛИЈА: Нема ништо да
упропастиш. Ајде да одиме.
СЦЕНА
Во шумата
Емилија и Викторија бараат траги
ВИКТОРИЈА: Навистина не знам како
мислиш да го најдеме, шумата е преголема!
ЕМИЛИЈА: Можеме да ги следиме трагите.
ВИКТОРИЈА: Но сепак, преголема е шумата, од каде да почнеме!?
ЕМИЛИЈА: Можеме да го слушнеме
ако вика, но затоа треба да заќутиме ние.
ВИКТОРИЈА: Знам дека се ќе
упроастам!
ЕМИЛИЈА: Нема ништо да
упропастиш. Само замолкни.
ВИКТОРИЈА: (Одеднаш застанува) Го
слушна тоа?
ЕМИЛИЈА: Што тоа?
ВИКТОРИЈА: Тоа е Марко.
ЕМИЛИЈА: Навистина, јас не чув
ништо. (Викторија почнува да трча)
ВИКТОРИЈА: Тука, е?! Ема дојди
брзо! (емилија доаѓа до нејзе и го гледа Марко легнат на земја)
ЕМИЛИЈА: Марко! Марко разбуди се..
(почнува да го тресе) Разбуди се Марко!
МАРКО: (Се разбудува) Емилија,
што се случува? Вики? Зошто сум тука? Ти ли ме донесе?
ЕМИЛИЈА: Чекај, ти не знаеш што
бараш тука?
МАРКО: Ај главата (размачкан е со
крв)... Не, не знам ништо. Не се сеќавам на ништо од вечерта кога зборував со
тебе.
ЕМИЛИЈА: Мислиш кога беше кај
мене во канцеларија?
МАРКО: Да. (Емилија ја погледнува
Викторија со уплашен поглед)
СЦЕНА
Во
болница
Марко седи на болничкиот кревет, до него е Емилија, Докторот им објаснува.
Д-Р ЃОРЃИ: Бил Дехидриран,
започнале халуцинации, премногу алкохол, се му се собрало и затоа дошло до
повреда, едноставно престанал да постои.
ЕМИЛИЈА: Навистина чудно, а
неговата рана?
Д-Р ЃОРЃИ: Таа е надворешна, не е
ништо опасно.
ЕМИЛИЈА: Но тој разговарал со
луѓе, а не се сеќава на тоа.
Д-Р ЃОРЃИ: Ова е слично како и
кај луѓето кој излегле од кома, не се сеќаваат на ништо, а можат да возат
авотмобил, да зборуваат со луѓе, да прават недозволени работи.
ЕМИЛИЈА: Од што може поточно да
настане ова?
Д-Р ЃОРЃИ: Како што ви кажав пред
малку од сето тоа, но исто така може и од прекумерена доза на лекови.
ЕМИЛИЈА: Во ред, докторе.
Д-Р ЃОРЃИ: Ако сакате можам да ве
пратам кај еден мој колега на подетален преглед но мислам дека тоа не е
потребно, јас ги превземав сите потребни мерки.
МАРКО: Сега разбирам.
ЕМИЛИЈА: Што тоа?
МАРКО: Можеш да ме обвиниш за
убиство, јас можеби сум ја киднапирал Габриела или сум ја убил. Но не се
сеќавам на тоа
ЕМИЛИЈА: Не, Марко, тоа не е
возможно. (Влегува Сузана)
СУЗАНА: Што се случува тука? Г-це
Емилија како смеете да го испрашувате без присуство на адвокат.
ЕМИЛИЈА: Јас не го испрашувам
само си разговараме.
СУЗАНА: Да секако.
ЕМИЛИЈА: Што барате вие тука?
Д-Р ЃОРЃИ: Таа е задолжена за
состојбата на г-дин Марко, доколку нешто се случи во врска со тоа, г-ѓа Сузана
има право да биде тука.
ЕМИЛИЈА: Да секако.
СУЗАНА: А вие г-це Емилија,
наместо да стоите тука, зошто не превземете нешто и не започнете со работа.
ЕМИЛИЈА: Јас си ја вршам работата
г-ѓо Сузана.
СУЗАНА: Така ли? Во ред тогаш, да
ве прашам нешто. Колку време барате и немате ништо најдено во врска со случајот
за исчезнувањето на Габриела?
ЕМИЛИЈА: Правам се што е во моја
моќ. Бараме насегаде, но мораме да ја пребараме и целата шума.
СУЗАНА: Токму така, треба да ја
пребарата шумата, но тоа нема да се случи доколку седите тука во оваа
просторија и губите време.
СЦЕНА
Во ходникот
Емилија го зима телефонот и врти некој број
ВИКТОРИЈА: Полициска станица,
тука секретаркат на.. (ја прекинува Емилија)
ЕМИЛИЈА: Еј, еј! Престани, добро
е! Слушај ме внимателно ми треба твоја помош.
ВИКТОРИЈА: Слушам.
ЕМИЛИЈА: Марко месечарел, а тоа
се случило изгледа и пред некое време, има одено кон стариот мост, потребно е да одиш таму и да погледнеш наоколу.
ВИКТОРИЈА: Но, јас не знам дали
ќе го можам тоа.
ЕМИЛИЈА: Секако дека ќе можеш, ти
ми помогна кога требаше да го најдеме Марко, ова е исто, ќе појдеш таму со
мојот автомобил и ќе бараш докази, ме разбра ли.
ВИКТОРИЈА: Во ред.
СЦЕНА
Кај стариот мост
Викторија сеуште зборува со Ема на телефон
ВИКТОРИЈА: Во ред стасав, кажи ми
што точно да барам?
ЕМИЛИЈА: Барај нешто што мислиш
дека не припаѓа таму, разгледај внимателно и кажи ми. (Викторија здогледува
некаква голема даска која покрива нешто, го остава телефонот на еден камен и го
прави на „звучник“ ја трга даската и воздивнува, под нејзе нема ништо. Но
забележува дека песокта е свежа,зима една прачка и почнува да копа, забележува
нешто и започнува со рацете да копа.)
ВИКТОРИЈА: Мислам дека најдов
нешто.
ЕМИЛИЈА: Што е? (Викторија наоѓа
кутија за накит) Вики, кажи ми што најде? (Вики полека ја отвара кутијата и
почнува ва вриска на цел глас)
СЦЕНА
Во полициската станица
Емилија и Викторија гледаат во кутијата
ВИКТОРИЈА: Дали е тоа што мислам
дека е?
ЕМИЛИЈА: Да. (ја затвара
кутијата)
ВИКТОРИЈА: Ах, господи. Што ми
требаше да се приклучам кон тебе, не знам што да правам, ми се згрозува
животот.
ЕМИЛИЈА: Вики, ова е прекрасно.
ВИКТОРИЈА: Прекрасно?! Ова за
тебе е прекрасно?
ЕМИЛИЈА:Вики гедај го ова од
друга страна. Прво ми помогна да го најдам Марко, а сега го најде и овој доказ.
ВИКТОРИЈА: Да, но јас не се
препознавам себе си.
ЕМИЛИЈА: Ова е нешто што се крие
во тебе, како да имаш зголемни чувства за осет, веднаш ги најде потребните
работи, треба да си горда на тоа.. и ти благодарам многу.
СЦЕНА
Во ресторанот „Кај Трајанка“
Влегува Викторија и го закачува палтото на закачалката, Трајанка е веднаш
зад шанкот кајкасата, внесува пари.
ВИКТОРИЈА: Здраво.
ТРАЈАНКА: Повторно дојде. И која
е твојата нарачка?
ВИКТОРИЈА: Не. (Трајанка ја
затвара касата, а во тој момент ја здоболува раката) Како ти е раката?
ТРАЈАНКА: Знаеш, секогаш кога се
менува времето, чувствувам болка. А ти што бараш тука, пак ли ќе се фалиш за
твојата нова работа.
ВИКТОРИЈА: Не, дојдов назат.
Сакам пак да работам тука.
ТРАЈАНКА: Молам.
ВИКТОРИЈА: Знам дека изледа чудно
но јас сака да се вратам таму каде што бев и да продолжам напред.
ТРАЈАНКА: Мислев дека ти се
допаѓа новата работа.
ВИКТОРИЈА: И јас мислев така се
додека не дознав дека со таа работа дознавам само лошо работи, но јас не го
сакам тоа, сакам да сум среќна, а среќна сум тука.
ТРАЈАНКА: Мило ми е штом го
разбра тоа. А што е со твоите авантури, нели сакаше да запознаеш рис.
ВИКТОРИЈА: И го запознав. Емилија
беше мојот рис кој ме научи на многу работи. Сакам да кажам уште нешто.. Кога
ми рече дека ќе ги средувам документите ја се уплашив, не се чувствував доболно
спремна за да започнам нешто такво, само сакав да ги избегнам.
ТРАЈАНКА: Но...
ВИКТОРИЈА: (Ја прекинува) И уште
нешто, сакам да ти се извинам за тоа што реков дека не сакам да бидам како тебе,
размислував и сфатив дека ти си многу добра личност со многу добро срце, а јас
кога ќе остарам сакам да бидам иста како тебе, личност со добра душа и добро
срце.
ТРАЈАНКА: Тоа е убаво.. но со
документите ја не сакав сите да ти ги дадам сега.
ВИКТОРИЈА: Туку?
ТРАЈАНКА: Со тек на време,
потребно е да се свикнеш. За некое време ќе одам во пензија, потребно е некој
да ме наследи и да биде нов газда на дуќанот, а кој друг ќе биде освен тебе
немам никој друг. (Викторија радосно ја прегрнува, готови се да заплачат и
двете)
ВИКТОРИЈА: Ти благодарам.
ТРАЈАНКА: Во ред е се душо, горда
сум на тебе.
ВИКТОРИЈА: Што кажа?
ТРАЈАНКА: Ништо, ајде враќај се
на работа.
СЦЕНА
Во ветеринарната станица, работното место на Марко
Софија и Марко разговараат
СОФИЈА: Се ќе биде во ред Марко.
МАРКО: Не нема да биде, јас не
сум свесна личност. Неможам да поднесам одговорност за тоа што ми се случува.
Не знам што точно ми се случува мене, ме разбираш ли?
СОФИЈА: Да, те разбирам, но мора
да има некое објаснување за сето ова, неможе туку така да се случува се.
(Влегува Емилија)
МАРКО: Емилија.. што е, што се
случува? Има ли нешто ново за Габриела?
ЕМИЛИЈА: Да, има... мислиме дека
Габриела е...
МАРКО: Што?
ЕМИЛИЈА: Најдовме кутија.
МАРКО: Кутија?
ЕМИЛИЈА: Да, а во кутијата имаше
човечко срце. (На Софија и се стежува започнува да плаче, а по нејзе и Марко.
Емилија продолжува да зборува) Срцето е испратено на аналза, ги чекаме
резултатите, но сепак во местове нема друг исчезнат освен Габриела.. така што.
(Марко сеуште плаче)
СОФИЈА: Ема, мислам дека е време
да си одиш.
ЕМИЛИЈА: Но тоа не е се.. На
кутијата најдовме и отпечатоци.
МАРКО: Како?
ЕМИЛИЈА: Отпечатоците ги
споредуваме со сите луѓе од градот и најдовме со кој се софпаѓаат.
МАРКО: Во ред, уапси ме Емилија!
Ајде, уапси ме и стави ме во затвор, зошто јас не можам да се контролирам
самиот, сигурно го имам направено ова ужано нешто!
СОФИЈА: Марко смири се, те молам!
ЕМИЛИЈА: Во ред е Марко.. Не си
ти.
МАРКО: Како тоа?
ЕМИЛИЈА: Отпечатоците се на
Софија. (Софија изненадено гледа во Емилија, а потоа во Марко,Емилија е
уплашена е и не знае што да прави.)
УТРЕ СЛЕДУВА НОВО ПРОДОЛЖЕНИЕ



0 comments:
Post a Comment