Monday, September 23, 2013

41 епизода „СОНИШТА“


41 епизода „СОНИШТА“

Во куќата на Сузана
Сузана и Никола вечераат, во текот на вечерата си се смешкаат еден на друг, одеднаш заѕвонува ѕвончето
СУЗАНА: Не се сеќавам дека повикавме некој на вечера.
НИКОЛА: Да отворам јас?
СУЗАНА: Не јас ќе отворам. (Сузана доаѓа до вратата и ја отвара) Г-це Емилија, што барате вие тука?
ЕМИЛИЈА: Дојдов зошто Никола ме повика.
СУЗАНА: Зарем мислите дека ќе ве пуштам внатре на вечера после сите тие закани?
ЕМИЛИЈА: Јас не дојдов тука за да вечерам.
СУЗАНА: Туку за кого дојде.
ЕМИЛИЈА: Дојдов по Вас. (Сузана се завртува накај масата Никола го нема.) Сите дојдовме по вас. (На вратата стојат Даниел, Трајанка, Викторија, Марко, Софија, Лазе и уште други луѓе. Сузана се завртува наназат и го гледа Никола како стои со јаже во рацете)
СУЗАНА: Никола!

СЦЕНА
На улица
Даниел и Викторија ја врзуваат Сузана за едно од дрвата
СУЗАНА: Не! Пуштете ме! Ви наредувам!
ВИКТОРИЈА: После сето тоа што ни го направи на сите нас!
ДАНИЕЛ: Простете градоначалничке но мојата совест е чиста!
ЛАЗЕ: Вие не сте повеќе градоначалничка! (Луѓето се собрани во полукруг пред нејзе, некои запалиле стапови со оган.)
ТРАЈАНКА: Стегнете ја убаво! Таа треба да ја осети нашата болка!
СОФИЈА: Ти ни ја зема и ни ја уништи нашата љубов!
МАРКО: Сега ќе платиш за тоа!
СУЗАНА: Јас само сакав да победам, барем еднаш.
ЕМИЛИЈА: (Доаѓа до Сузана и ја фаќа за вратот) Ти ни ја одзема нашата среќа, сега е време ние да ја одземеме твојата.(Емилија доаѓа до Марко, а тој и подава пиштол, Емилија го зима и полека и се доближува)
СУЗАНА: Што? Не Никола, не дозволувај да го прават ова.
НИКОЛА: Сама си виновна за сето ова. (Емилија го фперува пиштолот во нејзе и пука.

СЦЕНА
Во куќата на Сузана
Сузана се буди од сон, вознемирена е. Станува од креветот и со трчање оди во собата на Никола да види дали е таму, од вратата гледа дека спие и си заминува. Но всуштност  под кебето се наредени перници и изгледа како некој да спие.

СЦЕНА
Во втомобилот
Емилија и Никола разговараат
НИКОЛА: Сето ова е твое?
ЕМИЛИЈА: Да, тоа е се што ни е потребно за заминувањето.
НИКОЛА: Чекај, што?! Ние одиме сега?
ЕМИЛИЈА: Да, јас те прашав.
НИКОЛА: Но јас не мислев да одиме сега. Запри мораме да се вратиме назат.
ЕМИЛИЈА: Никола, те молам немој да ги правиме работите потешки. Јас го правам најдоброто за тебе верувај ми.
НИКОЛА: Да, но јас ти верувам. Но мораме д асе вратиме. Мораш да им помогнеш и на другите. Мораат да се спасат од мајка ми, таа е злобна.
ЕМИЛИЈА: Никола те молам. (Никола наеднаш и го завртува воланот и тие излетуваат од патот) Што правиш? Знаеш ли дека можевме да загинеме?!
НИКОЛА: Ема те молам, ајде да се вратиме, мораме да се вратиме, тука ни се сите. Твоето семејство, пријателите, јас.. те молам да се вратиме.

СЦЕНА
Во продавницата на г-дин Мартин
Сузана и Мартин разговараат
СУЗАНА: Зошто не сакаш да превземеш нешто со што ќе можеме да ја подобриме состојбата?
МАРТИН: Што точно да превземам. Нашиот план беше многу јасно поставен. Ти сакаше да ја уништиме среќата на Марко и Софија. Ние тоа го направивме.
СУЗАНА: Да, но мораме да направиме уште нешто друго.
МАРТИН: Не сакам да се вклучувам во ништо друго.
СУЗАНА: Мораме да ја елиминираме и Емилија. Доволно проблеми ми создаде, не сакам повеќе да биде во градот.
МАРТИН: Тоа само може да му наштети на Никола. Ти сигурна ли си дека сакаш да го жртвуваш Никола само за да ја елиминираш Емилија.
СУЗАНА: Не знам. Можеби. Но имам јас друга идеја. Ќе направиме нов договор.
МАРТИН: Немам намера да направам нов договор со тебе. Впрочем за да има некој договор потребно е да имаат заеднички цели и двете страни. Ние немам ништо заедничко.
СУЗАНА: Ќе ти дадам се што сакаш.
МАРТИН: ох, не, ти немаш ништо од тоа што јас го сакам. Едноставно не сакам повеќе да се мешам во матни работи со тебе. Доста беше, не знам луѓето до кога ќе издржат, но да знаеш еден ден ќе им дојде преку глава, а тогаш ќе се лее многу крв.

СЦЕНА
Во домот на Софија
Софија си прави чај, влегува Емилија со торби
СОФИЈА: Мислев дека си замина.
ЕМИЛИЈА: Да си заминав. Но се предомислив.
СОФИЈА: Аха. Сигурно се врати за да се поздравиме. Се сеќаваш ли што ми кажа кога сакав јас да побегнам? Ми кажа дека мораме да останеме заедно, дека ние сме како... семејство.
ЕМИЛИЈА: Да, жал ми е, не требаше да си заминам.
СОФИЈА: Не требаше! Тогаш зошто само си ги зема алиштата и замина?!
ЕМИЛИЈА: Си заминав зошто не сакав да бидам инспекторка. Не сакам луѓето да веруваат толку во мене и дека секогаш можам да ги спасам. Не го сакам ова.
СОФИЈА: А што е со Никола? Не требаше да го оставиш!
ЕМИЛИЈА: Не го оставив, го земав со мене.
СОФИЈА: Го киднапираше?
ЕМИЛИЈА: Можеби.
СОФИЈА: Значи сакаше да се откажеж од се. Сакаш да му прижиш таков стабилен дом? Што ти се случува тебе по ѓаволите?
ЕМИЛИЈА: Го сакав најдоброто за него.
СОФИЈА:  Значи така. Ти одлучи дека бегањето е најдобро за него, или пак сето ова беше најдобро за тебе. Ти се враќаш назат во времето. Се враќаш на претходната личност која си била, тоа не е добро.
ЕМИЛИЈА: Не знам што да правам.
СОФИЈА: Не знам ни јас. Ти смисли нешто, тоа е твоја одговорност, ти си му мајка! Тоа е твоја одговорност!

СЦЕНА
Во канцеларијат на Сузана
Сузана стои покрај прозорот, влегува Кристијан
СУЗАНА: Дојде?
КРИСТИЈАН: Веднаш штом ја добив пораката.
СУЗАНА:  Мораме да се договориме.
КРИСТИЈАН: Нема потреба за што да се договараме.
СУЗАНА: Потребна ми е твоја помош.
КРИСТИЈАН: Моја помош. После сето тоа што ми го направи сакаш да ти помогнам.
СУЗАНА: Ти ќе ми помогнеш мене а јас тебе.
КРИСТИЈАН: Можам да очекувам се, но твоја помош никогаш. Знам дека си најзлобнаа жена која ја познавам.
СУЗАНА: Јас можам да ти помогнам да се вратиш кај твојата ќерка.
КРИСТИЈАН: Сега значи имам и ќерка. До пред извесно време јас бев луд, затоа што никој не ми веруваше во тоа. Ти ме раздели од мојата ќерка.
СУЗАНА: Сето тоа може да се промени. Јас можам да го променам тоа. Можам да направам да се вратиш во претходниот живот кој го живееше заедно со твојата ќерка. Можам да ти ја вратам.
КРИСТИЈАН: И што би требало да направам јас?
СУЗАНА: Треба да ми помогнеш да ја елиминирам Емилија.
КРИСТИЈАН: Не сакам повторно да ги мачкам рацете со крв. Ќе мора да си најдеш некој друг. (Заминува)
СУЗАНА: Тогаш ќе мора да заборавиш на твојата ќерка, засекогаш.
КРИСТИЈАН: Најголемата мака која ја има човекот е кога треба да живее со спомени. Спомените го заклучуваат човекот и не му дозволуваат да продолжи понатаму. Ако веќе бидам принуден ќе заборавам.
СУЗАНА: Да, но доклуку се нафатиш да ми помогнеш, нема потреба да ја заборавиш. Јас ќе ти ја вратам назат и ќе можете да си живеете среќно до крајот на животот.
КРИСТИЈАН: Како да ти верувам? Убедиме да ти поверувам и ќе се нафатам.
СУЗАНА: Знаеш дека најмачното  и најтешкото нешто кое може да му се случи на некој родител е да го разделат од неговото дете. Ти си разделен од твојата ќерка,а јас не сакам да ми се сучи истото и мене. Не сакам Емилија да ме раздели од Никола. Потребно е да го спроведеме планот што е можно поскоро.
КРИСТИЈА: Во ред, ќе ти помогнам, но пред се сакам да знаеш. Јас ќе си ја добијам назат својата ќерка и ќе заминам со нејзе. Некаде далеку од ова проклето место.

СУЗАНА: Се договоривме ти ќе си ја добиеш ќерката назат но откако ќе се ослободиме од г-ца Емилија.

УТРЕ СЛЕДУВА НОВО ПРОДОЛЖЕНИЕ
уште 3 епизоди до финалето

0 comments:

Post a Comment