44 епизода „ЖИВОТ ИЛИ СМРТ“
СЦЕНА
Пред некоја стара црква
Емилија ја чека Сузана
ЕМИЛИЈА: Ајде, побрзо.
СУЗАНА: Еве ме. Ајде, дојди со
мене.
ЕМИЛИЈА: Какво е ова место?
СЦЕНА
Во старата црква
Сузана и го покажува тајниот премин на Емилија
СУЗАНА: Нема потреба да знаеш
какво е местото, само треба да знаеш дека тука се наоѓа лекот. Јас ќе ти го
покажам влезот. (Сузана доаѓа до една надгробна плоча, ја притиска сликата и се
отвара таен премин.)
ЕМИЛИЈА: Господи!
СУЗАНА: Ајде влегувај.
ЕМИЛИЈА: Не, не. После тебе.
СУЗАНА: Овој лифт е направен само
за една личност, кога еден е внатре другиот треба да е тука за да може да го
спушти лифтот, а и да го крене.
ЕМИЛИЈА: Зошто треба да ти
верувам?
СУЗАНА: Ќе мора да ризикуваш.
(Емилија се качува во лифтот) Ќе ја пронајдеш патеката сама, не смеам ништо да
ти кажувам. (Сузана го спушта лифтот надоле.)
СЦЕНА
Во подземјето на црквата
После тајниот премин Емилија продолжува да бара некаква трага која може да
ја одведе до лекот кој и е потребен. Разгледува наоколу, но постојано пред
нејзе се појавуват некои премини, разни врати, решетки и многу стари предмети.
СЦЕНА
Во болницата
Софија му чита приказни на Никола
СОФИЈА: Во моментот кога Јованче
и Марика мислеа дека се загубени во шумата и дека немаат спас, го слушнаа
звукот од чукањето на секирата. Помисија дека тоа е нивниот татако и веднаш се
упатија кон местото од каде што доаѓаше звукот. Тие беа во право, таму го
најдоа својот татако кој силно ги прегрна кога ги виде и им вети дека од сега
па натаму ќе живеат заедно засекогаш, без разлика што да се случи. Слушаш Никола, секоја приказна завршува со
среќен крај, затоа и тебе ти ја прочитав оваа за да бидеш сигурен и да знаеш
дека и ти ќе се разбудиш и ќе бидеш повторно среќен. (одеднаш почнува да му
паѓа пулсот, срцето почнува да му чука се поспоро, апаратот кој го покажува
срцевиот ритам почнува да свири)
СОФИЈА: Никола, Докторе! Сестро!
Сестро побрзо! (Доаѓаат докторите и сестрата)
ДОКТОРОТ: Брзо сестро викнете го
колегата, потребен ми е тука, ајде нека дојде побрзо!
СОФИЈА: Што се случува?
СЕСТРАТА: Ќе ве молам да излезете
надвор, му пречите на докторот.
ДОКТОРОТ: Ајде сестро побрзо!
СЦЕНА
Во ходникот на болницата
Кристијан влегува во вратата на која пишува „ИЗЛЕЗ“ и се симнува по скалите
СЦЕНА
Во тајната рецепција
Кристијан и носи кафе на жената која е на рецепција
ЖЕНАТА: Здраво колега, не ве
очекував денес?
КРИСТИЈАН: Дојдов за да ве
изненадам. Повели кафе. (И го подава кафето, таа се напива и веднаш се
онесвестува) Сега морам да одам.
СЦЕНА
Во ходниците
Кристијан се движи по ходниците поминува по истите простории низ кои
поминуваше и Сузана пред извесно време. Го среќава истиот човек во бела кошула
како го брише подот. Му дава знак да замолчи и доаѓа до собата каде е заклучена
една девојка
СЦЕНА
Во собата
Кристијан и кажува на девојката каде да оди за да се спаси
БЛАГОРОДНА: Кој си ти?!
КРИСТИЈАН: Јас сум твој спасител.
Ајде време е да си одиш.
БЛАГОРОДНА: Како ќе си одам?
КРИСИЈАН: Се е средено, ти само
побрзај ќе излезеш од тука низ друг пат, јас ќе ти покажам од каде. Но тоа што
е важно е да одиш и да го најдеш г-дин Мартин.
БЛАГОРОДНА: Кој е г-дин Мартин.
КРИСТИЈАН: Тоа ќе го дознаеш
подоцна, сега само оди и најди го него.
БЛАГОРОДНА: Но мене ќе ме убијат,
нема кој да ме заштити.
КРИСТИЈАН: Верувај ми, кога ќе го
најдеш г-дин Мартин тој ќе те заштити.
Ајде побрзај.
СЦЕНА
Во подземјето на црквата
Емилија сеуште разгледува наоколу, се изнервирува
ЕМИЛИЈА: Да му се сневиди на се.
По ѓаволитее! (погледнува настрана и гледа како на една карпа има нацртано
рака.) Што е пак сега ова?! (полека се доближува до карпата ја става својата
десна рака врз цртежот и одеднаш се отвара нов таен премин. Полека влегува
внатре и здогледува една малечка ампула, ја зима и заминува)
СЦЕНА
Во лифот
Емилија се качува во лифтот но тој се заглавува.
ЕМИЛИЈА:
Господи, што се случува сега? Сузана! Сузана појави се! (никој нема да се
огласи.) Што е пак сега по ѓаволите. (полека пробува да испадне од капакот на
лифтото и за да може да се искачува нагоре до излезот. Откако испадна низ
горниот отвор на лифтото, На излезот се појавува г-дин Мартин.
МАРТИН:
Емилија.
ЕМИЛИЈА:
Г-не Мартин? Што барате вие тука?
МАРТИН:
Дојдов да ти помогнам.
ЕМИЛИЈА:
Каде е Сузана?
МАРТИН:
Таа замина, те оставила сама тука.
ЕМИЛИЈА:
Уклучи го лифтот.
МАРТИН:
Не можам, заглавен е. (Емилија пробува да се качи но не може, да ја држи
ампулата и да се качува.)
МАРТИН:
Дај ми ја ампулата мене, а јас ќе ти помогнам да се искачиш.
ЕМИЛИЈА:
Фаќај! (му ја фрла ампулата, Мартин ја зима и заминува) Еј! Г-дин Мартин, каде
сте?! (нема никој да се огласи, Емилија полека се искачува кон врвот.)
СЦЕНА
Пред тајниот влез
Емилија полека излегува од местото каде што се движи лифтот и ја гледа
Сузана врзана за столот
ЕМИЛИЈА: Сузана, што се случило?
(ја одврзува)
СУЗАНА: Мартин не измами и двете,
ни ја зема ампулата!
ЕМИЛИЈА: (во меѓувреме ја
одврзува) Ајде, побрзо..
СУЗАНА: Готово е, ни избега.
ЕМИЛИЈА: Нема каде а е заминат,
сигурно е некаде во бизина. (Во исто време и на двете им заѕвонува телефонот)
СУЗАНА: Од болница.
ЕМИЛИЈА: Никола..
СЦЕНА
Во болница
Емилија и Сузана со трчање влегуваат во болницата и се качуваат по скалите
до 2-ри спрат, доаѓаат до пред собата на Никола а од таму излегуваат докторот и
една сестра.
ЕМИЛИЈА: Докторе, што се случува?
Д-Р. ЃОРЃИ: Многу ми е жал г-це.
Направивме се што беше во наша моќ.
СУЗАНА: Не, не ова не е возможно!.
Д-Р. ЃОРЃИ: Многу ми е жал.
ЕМИЛИЈА: Николаа!! (Со плачење
влегува во собата и доаѓа до неговиот кревет) Разбуди се сине!.. ајде разбуди
се. (плаче, а во меѓувреме Сузана стои во ќошот на собата и плаче, неможе да си
дозволи да се доближи до креветот)
СЦЕНА
Во продавницата на Мартин
Мартин ја зима ампулата и ја истура во некое друго шишенце, а во тој миг
влегува Благородна. Мартин на брзина ја разкренува масата
БЛАГОРОДНА: Здраво, вие сте г-дин
Мартин?
МАРТИН: Да јас сум но затворено
е, дојдете утре.
БЛАГОРОДНА: Нема да можам.
(Мартин се завртува и пред себе ја здогледувасвојата сопруга) Ми кажаа дека ќе
ве најдем тука, а исто така и да ви кажам дека Сузана ме држеше киднапирана
сето ова време.
МАРТИН: Господи. (почнуваат да му
течат солзи по лицето)
БЛАГОРОДНА: Ми кажаа дека вие ќе
ме заштите. Ќе можете ли?
МАРТИН: Секако, секако дека ќе те
заштитам. (Доаѓа до нејзе и ја гушнува)
БЛАГОРОДНА: Се извинувам, се
познаваме ли ние?
МАРТИН: Секако. Секако дека се
познаваме.
СЦЕНА
Во болница
Емилија сеуште е до креветот на Никола и плаче, Сузана е во својот дом и
ги разгледува сликите од Никола. Плаче со сета своја сила. Полека станува и
доаѓа до шкафот со лекови, зима неколку кутивчиња со лекови ги истура сите а
креветот, ги промешува со рацете и ги пие сите наеднаш.
КРАЈ НА СЕРИЈАТА


0 comments:
Post a Comment